Ekipa
14 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ВАТИКАН (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, денес изјави дека стравот од мигрантите е разбирлив, но дека претставува грев доколку стравот предизвика одбивност и непријателство кон мигрантите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Папата, на посебната миса што се одржа во базиликата на Свети Петар, говореше за мигрантите, бегалците, барателите на азил, новодојдените, како и оние мигранти од втората генерација.
Зборувајќи за стравувањето на одредени заедници дека доаѓањето на мигрантите би можело да го наруши воспоставениот ред, папата кажа дека тоа од човечка гледна точка е разбирливо, но дека е грев ако овој страв ги компромитира почитувањето и великодушноста, непријателството и отфрлањето на различните“.
Папата ја испрати оваа порака во период кога неколку земји членки на Европската Унија (ЕУ) и САД планираат да наметнат физички и правни препреки за доаѓањето на мигрантите.