Ilgın Karlıdağ
23 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
БРИСЕЛ (АА) – Белгиската полиција уапси 16 лица во анти-терористичка рација во бриселските предградија, Моленбек, Андерлехт, Јете и Шаербек во неделата, јавува Anadolu Agency (AA).
Белгискиот јавен обвинител, по полноќ, објави дека не е пронајдено огнено оружје и екслозив во изведената операција.
Осомничениот за париските напади, Салах Абдеселам, кој беше во бегство, се барал во интензивна потера во Брисел, сè уште не е пронајден, изјави обвинителот на прес-конференцијата.
Највисокото ниво на готовност во Брисел е продолжено, а училиштата, универзитетите и метрото, денес, ќе бидат затворени.
Абдеселам последен пат е виден како се движи кон белгиската граница неколку часа по нападите.
Според извештајот на ОН за 2014 година, Белгија има најголем број борци во Сирија и Ирак по глава на жител од сите европски народи.