Ayhan Şimşek
24 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
БЕРЛИН (АА) - Германците се упатија кон гласачките места на денесшните општи избори кои се очекува да ја вратат лидерката на конзервативците, Ангела Меркел, како лидер на друга коалициска влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Право на глас на изборите имаат 61,5 милиони лица, кои ќе имаат можност да гласаат на гласачките места од 08.00 часот по локално време сѐ до нивното затворање во 18:00 часот по локално време.
63-годишната Ангела Меркел, која се кандидира за четвртиот последователен мандат како германска канцеларка, остана јасен фаворит во спроведените анкети за јавното мислење во текот на предизборната кампања.
Последната анкета изведена од страна на „INSA/YouGov“ (ИНСА/ЈуГов), објавена во петокот, предвидува дека конзервативната Христијанско-демократска унија на Меркел (CDU) и нејзината баварска сестринска партија Христијанско социјалната унија (CSU) ќе освојат 34 отсто од гласовите, но сé уште ќе нема целосно мнозинство во Парламентот.
Главниот ривал на Меркел, Мартин Шулц од Социјалдемократската партија (SPD) се очекува да добие 21 отсто.
Зад СПД, голем број партии од левицата кон крајната десница се борат за третото место.
Екстремната десница Алтернатива за Германија (AfD), која применуваше експлицитна анти-исламска реторика за време на предизборната кампања, според анкетата на „INSA/YouGov“ има поддршка од 13 отсто.
Истата анкета покажа поддршка за Партијата Левица од 11 проценти, за либералната партија Слободни демократи поддршка од 9 проценти, по која следат Зелените со 8 отсто.
Растечката поддршка за екстремно десничарската АфД, која не успеа на претходните општи избори да го премине прагот од 5 отсто за влез во Парламентот, предизвикува голема загриженост во Германија.
„Ако АфД навистина влезе во Бундестагот, за првпат по повеќе од 70 години, нацистите повторно ќе говорат во Парламентот“, рече неодамна германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, кој е социјалдемократ.
Денес, се натпреваруваат над 4.800 кандидати за место во германскиот Парламент, Бундестагот. Меѓу нив, околу 100 кандидати се со турско потекло.
Алијанската на германските демократи (AD-D), нова партија неодамна формирана од страна на етничките турски граѓани, за првпат учествува на федералните избори.
Партијата протестираше против главните партии дека не презеле силен став против растечкото анти-турско чувство во земјата.
Меѓу три милиони луѓе со турски корени во Германија, половина од нив се со германско државјанство. А според проценките, околу 800.000 етнички Турци имаат право на глас.