Kasım İleri
10 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Гласноговорникот на Пентагон, полковник Роберт Манинг, коментирајќи ги последните случувања во односите помеѓу САД и Турција, рече дека Турција е близок сојузник во рамките на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во оваа прилика сакам да нагласам дека Турција е силен коалиционен партнер и наш близок сојузник во НАТО. Потврдувам дека последните случувања не влијаат на нашите тамошни операции и персонал. Структурите на турските воздушни сили во базата Инџирлик продолжуваат и понатаму да играат значителна улога во рамките на НАТО и меѓународната коалиција. Нашите операции против ДЕАШ, кои се спроведуваат од Инџирлик и другите бази во Турција, продолжуваат да се изведуваат со полна поддршка и блиска соработка на нашиот сојузник, Турција", рече Манинг.