Esra Kaymak
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Гувернерот на турската област Кајсери денес изјави дека земјата добро знае кој стои зад смртоносниот терористички напад што се случи во саботата во градот Кајсери, централна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес гувернерот Сулејман Камчи пред новинарите изјави дека во рамките на истрагата во врска со нападот во кој загинаа 14 војници и ранети беа 55 други, притворени се 15 осомничени лица.
„Ова не значи дека сите 15 лица се винови. Има сигурно еден до тројца виновници. Па така, можни се понатамошни притворања“, изјави тој.
Камчи додаде дека 15 од повредените војници биле отпуштени од болниците утринава, додека останатите, вклучувајќи тројца сериозно ранети, сѐ уште се лекуваат.
Во саботата, автобус на јавниот превоз во Кајсери беше цел на самоубиствен напад со автомобил-бомба, при што загинаа 14 војници, а 55 други беа повредени.
Според турските власти, сите знаци укажуваат на тоа дека терористичката организација ПКК е вмешана во нападот.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, а оваа организација ја продолжи својата оружена кампања против Турција во јули 2015 година, од кога загинаа повеќе од 300 цивили и околу 850 лица од безбедносниот персонал. Неутрализирани се повеќе од 9.000 терористи на ПКК.