Şerife Çetin
15 Ноември 2018•Ажурирај: 17 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот суд на правдата одлучи ПКК да остане на листата терористички организации на Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Европскиот суд на правдата, чие седиште се наоѓа во Луксембург, донесе одлука во врска со случајот што терористичката организација ПКК го поднесе против Советот на ЕУ.
Судот наведе дека постоеле процедурални грешки во задржувањето на ПКК на листата на терористички организации во периодот 2014 - 2017 година, меѓутоа, во согласност со новите одлуки, тој одлучи ПКК да остане на листата на терористички организации на Советот на ЕУ.
ПКК во мај 2014 година поднесе барање до Европскиот суд на правдата да ги укине рестриктивните мерки што Советот на ЕУ ги воведе кон оваа организација поради терористичките активности.
Советот на Европа ја стави ПКК на листата на терористички организации во 2002 година.