Selma Kasap
31 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во видеопораката по повод Курбан Бајрам, еден од најважните исламски празници, потсети на страдањата на муслиманите во Аракан и повика на молитви за араканските и за сите останати загрозени муслимани, како и за сите загрозени луѓе во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција повтори дека неговата земја и народ никогаш нема да ја наведнат главата пред терористичките организации и мрачните сили што раководат со нив.
„Одлучно продолжуваме со нашиот пат на демократијата, економскиот напредок и надворешната политика, до остварувањето на зацртаните цели“, рече претседателот Ердоган, честитајќи им го Курбан Бајрам на сите граѓани.
Ердоган потсети на минатогодишниот обид за државен удар во Турција, истакнувајќи дека 15. јули 2016 година е една алка од синџирот на историските победи на турскиот народ.
„Знаеме дека нашиот народ никогаш нема да ја наведне главата пред терористичките организации и пред мрачните сили што раководат со нив. Одлучно продолжуваме со нашиот пат на демократијата, економскиот напредок и надворешната политика, до остварувањето на зацртаните цели. Во рамките на целите 2023, до кога имаме зацртано да станеме една од 10 најголеми светски економии, на нашите граѓани ќе им овозможиме потполна и трајна благосостојба“, порача претседателот Ердоган, нагласувајќи го значењето на заедништвото.