Muhammed Bilal Kenasari
26 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Сенат ја потврди одлуката за именување на поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Мајк Помпео на функцијата државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот претседател Доналд Трамп во март соопшти дека ќе го смени тогашниот државен секретар Рекс Тилерсон, и дека на негово место ќе биде поставен Помпео.
Со 57 гласови за и 42 против, Помпео стана 70-тиот државен секретар на САД. По гласањето, планирана е церемонија за полагање заклетва со која поранешниот директор на ЦИА официјално ќе ја преземе новата функција.
Уште во средината на минатата година Трамп изјави дека не е сигурен дали Тилерсон ќе остане на функцијата до крајот на мандатот во Белата куќа.
Трамп подоцна во интервју за „Fox News“, (Фокс њуз) го нападна Стејт департментот, додавајќи дека само тој, како претседател, може да ја води надворешната политика на САД.