Bekim Laci
23 Јули 2018•Ажурирај: 23 Јули 2018
СКОПЈЕ (АА) - Постигнат е напредок во преговорите на политичките лидери, кои денеска на третиот состанок бараат решение за политичката блокада од кое зависи организирањето на референдумот за Договорот со Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
По петчасовниот состанок, премиерот Зоран Заев, во име на сите лидери излезе со кратка изјава за да го пренесе постигнатиот епилог, додавајќи дека состанокот ќе продолжи.
„Денес го прифативме барањето на ВМРО-ДПМНЕ за законски измени кои ќе овозможат техничка влада да ги спроведува секои парламентарни избори со формат идентичен на Пржинскиот. Се договоривме денес да заврши лидерската средба, се враќаме на референдумското прашање, на карактерот на референдумот и датумот на негово одржување“, рече Заев.
Двете други средби на лидерите кои се одржаа пред неколку дена не дадоа никакви резултати, а опозицијата бара согласност за неколку барања пред да се спроведе избор на Државната изборна комисија (ДИК), која треба да го организира референдумот за Договорот помеѓу Грција и Македонија.