Zeynep Tüfekçi
21 Јули 2018•Ажурирај: 21 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Палестинското движење Хамас соопшти дека со посредство на Египет и другите меѓународни актери постигнато е примирје со Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со посредство на Египет и на меѓународните актери постигнато е примирје меѓу Движењето на палестинскиот отпор и Израел“, наведува во соопштението портпаролот на Хамас, Февзи Бархум.
Сепак, не изнесе повеќе детали за самото примирје, со кое е прекинат огнот помеѓу двете страни.
Израел вчера, тврдејќи дека бил отворен оган врз израелските војници на границата со Газа, изведе напади со авиони и тенкови на подрачјето на Газа.
Во нападите на Израелската војска загинаа четворица Палестинци. Израелската војска, исто така соопшти дека при нападите од пограничното подрачје од Газа е убиен израелски војник.
Во соопштението на Израелската војска се наведува дека во вчерашните напади на Газа погодени се 15 цели на бригадата Изудин ал-Касам, военото крило на Хамас.