Merve Yıldızalp
14 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска најави бојкот на американските електронски производи, порачувајќи дека производите кои се увезени со плаќање во девизи, сега ќе ги произведуваат сами, а потоа и ќе ги извезуваат, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател порача и дека неговата земја го има еден од најсилните банкарски системи во овој момент.
„Турција денес го има еден од најсилните банкарски системи во светот“, рече Ердоган.
Турскиот претседател најави уште посилна поддршка на инвеститорите.
„Уште повеќе ќе ги поттикнуваме оние кои сакаат да вложуваат во нашата земја“, порача Ердоган.