Besar Ademi
26 Ноември 2015•Ажурирај: 27 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Членовите на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Сојузот на независни новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), во знак на протест, се собраа денеска пред Клубот на пратениците, на тој начин изразувајќи револт против невклучувањето на новинарите разговорите на работните групи за прашањата за медиумите, јавува Anadolu Agency (АА).
Тие бараат од политичките партии кои разговараат за подобрување на состојбата со медиумите и слободата на изразувањето, во разговорите да ги вклучат и претставниците на медиумите, новинарите и медиумските организации, бидејќи според нив, медиумите и јавноста имаат право да знаат што се зборува за нивната судбина.
Насер Селмани, претседателот на ЗНМ рече дека денешниот протест организиран од ЗНМ, ССНМ и МИМ е заради нетранспарентноста во одлучувањето на медиумите.
,,Овде се одлучува дали ќе имаме слободни, професионални медиуми, или пак тие ќе бидат контролирани и во рацете на политичките партии” , изјави Селмани, додавајќи дека политичарите имаат обврска пред јавноста да објаснат какви решенија договараат за медиумите.
Селмани ги повика претставниците на ЕУ и САД, како гаранти на Договорот за надминување на политичката криза (Договор од Пржино) да не дозволат партиите овие политички партии, зад грбот на новинарите да шверцуваат, како што рече, решенија за медиумите кои не се во согласност со европските стандарди.