Fatih Tuna
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
АНКАРА (АА) – Во организиран оружен напад во сојузната држава Флорида, САД, во еден ноќен клуб биле убиени 17 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според медиумите во САД, во нападот во ноќниот клуб „Клуб блу“ во Форт Мајерс, во првичните истражувања било утврдено дека смртно настрадале две лица.
Во градот Орландо, во сојузната држава Флорида, 49 лица загинале, а 53 биле ранети во нападот што го извел Омар Матеен во локален ноќен клуб за хомосексуалци, на 12 јуни, недела, во утринските часови.
Претставниците на безбедносните сили настанот го дефинирале како терористички напад.
Омар Матеен, чие семејство имало авганистанско потекло, бил роден во Њујорк.
Беше соопштено дека Матеен (29), кој бил поранешен припадник на безбедносните сили, сам го организирал нападот и немало никакви докази за негова поврзаност со некаква терористичка организација.