Emre Gürkan Abay
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша нацрт-законот кој овозможува да се даде одговор на евентуални санкции на Соединетите Американски Држави (САД) и другите земји кон Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според овој нацрт-закон потпишан од страна на Путин, Владата ќе може да преземе мерки против одлуките на САД и другите земји во однос на санкциите кон Русија.
Со законот ќе може да се ограничи или суспендира меѓународната соработка во одредени области, исто така, ќе може да се забрани увозот или извозот на стоки или сурови производи, приватизацијата, како и учеството на државни тендери.
Министерството за финансии на САД со одлука донесена на 6 април вклучи на листата за санкции седум руски олигарси и 12 компании кои се под нивна контрола, 17 високи руски владини претставници, една компанија за трговија со оружје при руската држава, како и една банка поврзана со оваа компанија.
Нацрт-законот против санкции во мај беше поднесен до Долниот дом на рускиот Парламент, Думата, откако САД донесоа одлука за санкции против Русија. Кога за прв пат беше поднесен до Генералното собрание, овој нацрт-закон вклучуваше 16 точки, но, на втората седница со направените измени поради можно предизвикување штета на руските компании, овие мерки беа намалени на 6.