Sinan Uslu
29 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со германската канцеларка Меркел и ја информираше во врска со операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Од кабинетот на претседателот се дознава дека Ердоган и Меркел оствариле телефонски разговор, во кој главно станало збор за развојот на настаните во Сирија.
Претседателот Ердоган и канцеларката Меркел зборувале за влошувањето на ситуацијата во Алепо и во околината, и размениле гледишта околу борбата против тероризмот.
Ердоган во текот на разговорот ја информирал германската канцеларка Меркел за операцијата Штитот на Еуфрат.
Претседателот и канцеларката во телефонскиот разговор се согласиле дека е потребно поголемо залагање во насока на повторно заживување на разговорите за прекин на судирите во Сирија.