Adham Kako
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) објави дека режимот на Асад со измачување убил 20 лица во месец октомври, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот што го објави СНХР се наведува дека во октомври, режимот на Башар ал Асад има убиено најмалку 20 лица во официјални и неформални центри за притвор.
Во минатомесечниот извештај се наведува дека во периодот од почетокот на војната, во март 2011 година, до септември 2017 година, со тортура и измачување се убиени 13.104 лица.
Сириската мрежа за човекови права во извештајот истакнува дека од уште почетокот на граѓанската војна во Сирија, режимот спроведува тортура врз приведените, и додава дека поради измачување и тортура, минатиот месец починале 4 лица во Дамаск, 8 во Дера, 4 во Алепо и по едно лице во Идлиб, Хама, Хомс и во Рака.
Во извештајот се вели дека од почетокот на годината досега, со измачување се убиени 206 лица и се повикува Русија, како гарант на режимот, да ги спроведе своите одговорности.
Сириската мрежа за човекови права во извештајот бара Меѓународниот кривичен суд да му суди на режимот поради воени злосторства.
Anadolu Agency (AA) беше првата агенција којашто во 2014 година, со светот ги сподели фотографиите на 11.000 лица кои со измачување беа убиени од страна на режимот на Асад.