Alma Arnautovic
10 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Во јамата Омазиќ на рудникот за црн јаглен РМУ Бановиќи дојде до рударска несреќа во која во јамата остана затрупан еден рудар, а петмина се спасени, јавува Anadolu Agency (AA).
Ибрахим Лапандиќ, технички директор во рудникот за црн јаглен Бановиќи, потврди дека несреќата се случила денес околу пладне.
Според него до несреќата дошло при пушење на покривната конструкција во текот на подготовките за изработка на просторијата за механизираното чело. На местото работеле 10 рудари кои гледајќи како покривот попушта успеале да се извлечат со исклучок на раководителот со машината кој останал отсечен при обид да ја спаси машината, неможејќи навреме да се извлече.
Лапандиќ истакна дека е затрупана просторија во должина од 10 метри.
„Екипите работат на расчистување на јамата,за да стигнат до отсечениот работник а самиот процес е тежок“, додаде Лапандиќ.
Инаку, рудникот Бановиќи има над 2.800 работници.