Diyar Güldoğan
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Официјална Москва постигна договор со Анкара за испорака на руските антиракетни системи S-400 на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Договорот е постигнат. Прашањето за плаќањето сѐ уште не е прецизирано“, изјави портпаролот на Кремљ, Владимир Кожин, во изјава што ја пренесува руската новинска агенција РИА Новости.
Кожин изјави дека Русија не гледа никаков проблем во испораката на антиракетниот штит на Турција, која е членка на НАТО.
S-400 е нова генерација на рускиот противвоздушен систем кој има капацитет за истрелување три вида ракетни проектили за неутрализација на летала, балистички, крстосувачки и други проектили во воздух.
Системот е опремен со современа технологија и во ист момент може да следи и до 300 различни цели.