Ekip
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
МОСКВА (АА) - Агенцијата за воздухопловство на Русија соопшти дека 19 лица загинаа кога се урнал хеликоптер кој ги превезувал работниците од нафтената компанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Федералната агенција за воздушен сообраќај, сите 16 патници и тројца членови на екипажот загинале во несреќата што се случи вчера во северниот дел на Русија.
Спасувачите го пронашле хеликоптер урнат на бочната страна.Од Агенцијата соопштуваат дека лошата видливост и силните ветрови се можни причина за хеликоптерската несреќа.
Ми-8 беше користен од страна на Советската а подоцна и од руската војска од крајот на шеесеттите години на минатиот век и имаше широка употреба низ целиот свет.