Hakan Ceyhan Aydoğan
06 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија не се согласува со изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој Иран го нарече терористичка држава, јавува Anadolu Agency (AA).
На прашањето на новинарите да ги коментира последните обвинувања на Трамп дека Иран е терористичка држава од прва класа, Песков изјави дека Русија не се согласува со ваквата изјава.
„Ние со Иран имаме добри билатерални односи. Им даваме големо значење на односите во трговијата и во економијата, и се надеваме дека уште повеќе ќе се интензивираат во иднина“, рече Песков.
Песков истакна дека ставовите на Русија и на САД, освен за Иран, се разликуваат и за голем број други регионални прашања, и дека тие разлики не треба да бидат пречка во руско-американските односи.
Песков остро го критикуваше и американскиот новинар Бил О'Рајли, кој за време на интервјуто со Трамп на телевизијата „Фокс њуз“, го нарече убиец рускиот претседател Владимир Путин.
„Неприфатливо е тоа што некој вели дека Путин е убиец. Очекуваме извинување од телевизијата“, рече Песков.