Fuat Kabakçı
26 Декември 2016•Ажурирај: 27 Декември 2016
ПЕКИНГ (АА) – Русија ги испорача првите авиони Су-35 за Кина, повеќенаменски воени летала од новата генерација, јавува Anadolu Agency (AA).
Службениот весник на Комунистичката партија на Кина „Глобал тајмс“ јавува дека свеченото примопредавање е извршено во воздушната база во покраината Хибеи.
Во првата испорака Кина доби четири авиони од петта генерација Су-35, а во согласност со претходно постигнатиот договор, Русија во наредните две години ќе испорача 20 такви летала.
Иако деталите на договорот се тајна, некои руски и кинески медиуми јавуваат дека договорот е вреден околу две милијарди долари.
Воениот авион Су-35 е едносед и носач на ракети воздух-воздух и воздух-земја, а има капацитет на носивост на товар до осум тона. Се движи со брзина до 2.500 километри на час, а опремен е со резервоар за гориво доволно за прелетување 3.400 километри. Има можност за полнење гориво во воздух.