Muhammed Bilal Kenasari
13 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) го поздравија решавањето на долгогодишниот спор околу името меѓу Македонија и Грција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот Стејт департмент преку писмено соопштение наведе дека постигнатиот договор е многу важен чекор за безбедноста во регионот.
„САД го поздравуваат договорот постигнат од страна на премиерите на двете земји, Алексис Ципрас и Зоран Заев“, се вели во соопштението.
Од Стејт департментот ветија и поддршка на владите на двете земји во продолжување на зајакнувањето на билатералната соработка.
Македонскиот премиер Заев во вчерашното обраќање соопшти дека е постигнат договор со грчката страна, според кој новото уставно име на Република Македонија ќе биде Република Северна Македонија.
Најави одржување референдум со цел граѓаните да се изјаснат во врска со тоа.
Истакна дека договорот го обезбедува излезот на Македонија од изолацијата, и дека овозможува европска перспектива, стабилност и напредок.