Fuat Kabakçı
19 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
ПЕКИНГ (АА) - Министерот за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон во рамките на дводневната посета на Кина, се состана со претседателот на таа земја, Си Ѓипинг, јавува Anadolu Agency (AA).
Си во обраќањето во Пекинг изјави дека Кина и САД имаат значајна можност за развој на билатералните односи. Исто така, тој укажа на претседателските осноси со американскиот колега Доналд Трамп со кого неколкупати разговарале телефонски.
Кинескиот претседател се надева на решавање на чувствителните прашања во односите со САД, и зајакнување на билатералните, регионалните и глобалните односи на сите нивоа.
Тој потсети на напорите на Пекинг и на Вашингтон кога станува збор и за деловната соработка, и додаде дека очекуваат нов период во кој ќе дојде до конструктивен напредок.
Кинескиот претседател додаде дека соработката е единствена правилна опција за двете страни.
Си изјави дека имаат цел јакнење на координацијата и односите за чувствителните регионални прашања, и истакна дека се посветува големо внимание на почитувањето на взаемните интереси.
„Сите веруваме дека двете земји ќе бидат многу добри партнери”, изјави Си кој повика на јакнење на билатералната деловна соработка.
Тилерсон изјави дека го ценат состанокот на Трамп и Си и дека е уверен оти со взаемно разбирање е можно јакнење на односите меѓу двете земји. Исто така, додаде дека ќе користат соодветен начин за иднината на соработката.
Американскиот министер Тилерсон вчера се состана со кинескиот колега Ванг Ји, со кого разговараше за зголемените тензии поради балистичките тестирања на Северна Кореја. Според него, двете страни се договориле да вложат заеднички напори за да биде спречена нуклеарната програма на Пјонгјанг.
Тилерсон пред Кина ги посети Јужна Кореја и Јапонија.