Michael Hernandez
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД не го признаваат, како што рече, едностраниот референдум кој на 25 септември го организираше Регионалната курдска управа на северот на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
„САД не го признаваат едностраниот референдум кој во понеделник го организираше Регионалната курдска управа на северот на Ирак", рече Тилерсон.
Истакна дека спроведениот референдум го нема потребниот легитимитет.
„Гласањето и резултатите од гласањето немаат легитимитет. Ние и понатаму поддржуваме единствен, федерален, демократски и просперитетен Ирак", рече Тилерсон.
Апелираше на смирување на тензиите и на претстанување на меѓусебните обвиненија и закани со реципрочни мерки.
Потсетуваме, Регионалната курдска управа на северот на Ирак и покрај бројните предупредувања, на 25 септември спроведе нелегитимен референдум за независноста.
На нелигитимниот референдум му се спротистави поголемиот дел на меѓународната заедница, а многу земји предупредија дека гласањето би можело дополнително да го дестабилизира регионот и да ја ослабне борбата против ДЕАШ, која е во тек.