Özüm Yalkın
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Белата Куќа Џош Ернест, на дневниот брифинг зборуваше за чекорите кои Турција ги прави во рамките на операцијата Штитот на Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот истакна дека ја поддржуваат Турција во нејзините чекори на расчистување на елементите на ДАЕШ во близината на турско-сириската граница. „Постојат повеќе патишта за поддршка на Турција од страна на САД. Копнените сили на САД (специјални единици) се едни од нив“, рече Ернест.
- „Продолжува нашата поддршка за Турција“
Покрај воздушната поддршка против ДАЕШ во рамките на коалицијата, придодадени се и специјалните единици на САД, рече Ернест и истакна дека ќе продолжи поддршката за Турција во борбата против ДАЕШ.
Портпаролот Ернест ја потврди важноста од расчистување на терористичката закана на ДАЕШ во Турција и потребата од што поскоро расчистување на елементите на ДАЕШ од границата. „Се надевам дека ќе се стави крај на насилството во Турција“, изјави Ернест.
- Неуспех во испораката на хуманитарната помош во Сирија
Портпаролот на Белата Куќа Ернест одговарајќи на едно прашање во врска со прекинот на огнот кое е воспоставено од понеделникот, истакна дека многу е важно да се испорача хуманитарната помош до луѓето на кои им е потребна и да се намали насилството во земјата.
Ернест истакна дека се додека Русија не го искористи своето влијание врз режимот на Асад, за да се намали насилството врз населението во Сирија и додека не се овозможи испораката на хуманитарната помош до луѓето на кои таа им е потребна, нема да има воена соработка со Русија.
И портпаролот на министерството за надворешни работи Џон Кирби на вчерашната прес-конференција зборуваше за чекорите на Турција во рамките на операција Штитот на Еуфрат.
„Ја поддржуваме Турција во напорите да ја обезбеди сопствената граница и веруваме дека таа досега е успешна во тоа“, рече Кирби констатирајќи дека во борбата за уништување на заедничката цел ДАЕШ, коалиционите членови и дале поддршка во сите чекори кои ги направи Турција.
Зборувајќи за прекинот на огнот кој трае во Сирија, Кирби рече дека режимот на Асад е виновен што сѐ уште има подрајча во кои не може да се испорача хуманитарната помош.
Кирби истакна дека сака да го види ефктот од влијанието кое го има Русија врз Асад на темите како што се намалување на насилството во земјата и во можност за испораката на хуманитарната помош до луѓето на кои таа им е потребна.