Ahmet Gürhan Kartal
30 Април 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
ЛОНДОН (АА) - Саџид Џавид е назначен за нов министер за внатрешни работи на Велика Британија, по оставката од досегашната министерка Амбер Руд, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата на Велика Британија соопшти дека поранешниот секретар за локална заедница и домување, Саџид Џавид, е назначен за министер за внатрешни работи и дека кралицата ја има честа да го одобри неговото назначување.
Џавид е син на пакистански возач на автобус, кој имигрирал во Велика Британија во 1960-тите.
Во Парламентот 48-годишниот Џавид влезе во 2010 година. Иако го поддржуваше останувањето на Велика Британија во Европската Унија, јавноста го смета за евроскептик.
Сега веќе поранешната министерка за внатрешни работи, Руд, доцна синоќа поднесе оставка.
Руд се најде на удар на критиките од британската опозиција, откако беше откриено дека Министерството за внатрешни работи присилно ги протерувало работниците кои во Велика Британија дошле од поранешните британски колонии.