Betül Yürük
04 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
ЊУЈОРК (AA) - Седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со нападите со хемиско оружје во сирискиот Идлиб е закажана за утре во 16.00 часот по средноевропско време, јавува Anadolu Agency (AA).
Американската амбасадорка при ОН, Ники Хејли на новинарите им рече дека нападот со хемиско оружје во Идлиб беше многу загрижувачки.
Потврди дека утре во 16 часот ќе биде одржана седница на Советот за безбедност на ОН во врска со нападите со хемиско оружје во Идлиб.
Во утринскиот напад во кој Асадовите режимски сили користеа хемиско оружје убиени се повеќе од 100, а ранети повеќе од 500 цивили, меѓу кои се и голем број деца.
Следуваа и воздужни напади во кои мета беа и локалните болници и центарот на Цивилна заштита, кои се обидуваат да им помогнат на страданите.
Се стравува дека билансот на смртно страданите би можел да биде значително поголем, а ранетите кои се животно загрозени префрлени се на лекување во Турција.