Besar Ademi
01 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Сервисот на Anadolu Agency (AA) на албански јазик денес ја одбележува четвртата годишнина од почетокот на објавување вести на албански јазик, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред четири години, на 1 октомври 2014 година, АА започна со објавување на вестите на албански јазик од канцеларијата во Сараево, за подоцна, на 9 ноември 2015 година да ја префрли својата канцеларија во Скопје, од каде што освен на албански започна со објавување вести и на македонски јазик.
Во текот на изминатите четири години, Сервисот на AA на албански јазик со објавувањето вести од сите страни на светот, проследени со фотографии и видеосодржини, стекна активна улога во албанскиот медиумски простор, вклучително и кај читателите од регионот и пошироко.
Со своите канцеларии и во Тирана и Приштина, Сервисот на АА на албански јазик во текот на четирите години од своето постоење има објавено 68.503 вести, од кои 37.029 проследени со фотогалерии и 17.483 со видеосодржини.
Инаку, албанскиот јазик е осмиот со кој започна оваа сериозна медиумска институција. АА, освен на турски, македонски и албански јазик, објавува вести и на англиски, арапски, БХС (босански, хрватски и српски), руски, француски, курдски (дијалектите сорани и курманџи), персиски, индонезиски и шпански.
Секојдневно од канцеларијата на АА во Скопје се објавуваат над 120 вести на албански и на македонски јазик, проследени со фотографии и видеосодржини.
АА е меѓу десетте најголеми агенции во светот, која на 13 јазици дневно реализира над 3 илјади објави на вести, фотогалерии и видеосодржини.