Levent Tok
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
ЕЛБЕЈЛИ (АА) - Слободната сириска армија (ССA) со поддршка на Турските вооружени сили (ТВС) продолжува да ги расчисува областите Азез и Џараблус од теорористите на ДАЕШ. Останануваат уште 12 километри за физичко поврзување на двете области, јавува Anadolu Agency (AA).
Со поддршката на Турските вооружени сили областа на Џарабулус, којашто се наоѓа до реката Еуфрат, југоисточно од Алепо, во најголем дел е ставена под контрола на Слободната сириска армија.
Опозицијата се обидува да ги ослободи селата Ганиме, Сувејда, Кандура, Рас ел-Џоз и Бејт Мухамед Хилал од терористите на ДАЕШ.
Слободната сириска армија успеа да се спушти 24 километри до турската граница на западниот дел на Еуфрат.
Додека јужниот дел на областа Чај е под контрола на ПКК-ПЈД.
Во западната линија на Азез-Џараблус во областа Чобанбеј силите на ССА продолжуваат со напредувањето.
Исто така, во населбата Елбејли во градот Килис се подготвува операција за влез во Чобанбеј, од страна на група оклопни возила на ТВС.
Слободната сириска армија се обидува да пристигне до Џарабулус. За соединување на линијата Азез-Џарабулус останати се само уште 12 километри.