ПОДГОРИЦА (АА) - Скадарското езеро е еден од петте национални паркови на Црна Гора. Со површина од 400 километри квадратни, ова езеро, кое е најголемо на Балканот, спојува пет црногорски општини, но и две држави, Црна Гора и Албанија. Растителниот и животинскиот свет на езерото е разновиден, па така Скадарското езеро е природен резерват на ретки птици и риби кои живеат само на ова езеро.
На пола пат од главниот град на Црна Гора, Подгорица, до морето, се наоѓа најголемото езеро на Балканот а воедно и единствен национален парк во кој доминираат водените и мочварните екосистеми. Езерото кое е богато со островски цркви и манастири, растенија, ретки риби и птици, како и посебна атракција крстарење по езерото, и оваа година е преполно со посетители од целиот свет.
- Стар затвор на езерото -
Екипата на Anadolu Agency се одлучи за тура на крстарење на ова езеро. Тоа беше прилика да се посети стариот затвор на езерото, потоа устието на реката Морача, старите мостови и рибарските села.
Скадарското езеро има богата историја и култура за кое сведочат бројни археолошки локалитети, средновековни манастири и цркви, утврдена и народна атхитектура, како што се рибарските села, стари мостови, млинови и бунари. Статусот на националниот парк, ова езеро го доби од 1983 година. Со површина од 400 километри квадратни, ова езеро на црногорската територија се простира низ деловите на Подгорица, како и градските општини Туза и Голубовца.
Директорот на Националниот парк Скадарско езеро, Горан Шкатариќ, во разговор за АА зборуваше за активностите на националниот парк и неговите потенцијали.
Националниот парк Скадарско езеро е простор кој уште од 1983 година, црногорското Собрание го прогласи за заштитено подрачје. Она на кое работиме и водиме сметка е да ги сочуваме сите природни вредности, природно богатство и да биде одржлив развој. Кога се работи за повеќегодишните програми на работа, водме сметка да бидат насочени на законите на националните паркови и просторен план за посебни намени за Скадарското езеро. Просторот Скададарско езеро опфаќа три општини, во прв ред главниот град Подгорица, општините Цетиње и Бар. Тука се уште две градски општини Голубца и Туза, и тоа е површина на летно ниво од 345 до 508,5 километри квадратни, бидејќи нивото на водата на Скадарското езеро варира и до шест метри, вели Шкатариќ.
- Пеликан како заштитен знак на езерото
Посетата на Скадарското езеро е незамислива без крстарење кое се организира секојдневно од локалните претприемиачи на Врањина, Плавница, Вирпазар и Реката Црновијевиќ. За време на крстарењето, кое трае околу три часа, посетителите можат да го видат стариот затвор на островот, устието на реката Морача, црногорската тврдин Лесендро. Терминот на стопирање на бродот е предвиден за посетителите да се бањаат во езерото.
Растителниот свет на ова езеро е разновиден, со повеќе од 25 ретки и ендемични, законски заштитени видови. Во Скадарското езеро постојат 930 видови на алги, а ова езеро е и дом за 280 видови на птици. Заштитен знак на езерото и националниот парк е една од ретките птици во Европа - далматинскиот пеликан, кој се вгнездува само на едно место на целото езеро.
Во езерото живеат преку 48 видови на риби, а крапот и уклевот живеат тука и никаде на друго место на светот.
„Она со кое можеме да се пофалиме е квалитетот на водата на Скадарското езеро „А” категорија, што дава можност на растителниот и животински свет. Преку 930 видови на алги живеат во овој простор. Имаме силно развиена и орнито-фауна и ихтио-фауна, а исто така и растителни формации, за кои од година во година правиме мониторинзи. Тоа се одредени растителни видови кои се загрозени и на меѓународно ниво. Покрај растителните видови, правиме мониторинг и на животински видови, во прв ред на комерцијалните видови на риби. Ихтио фауната е исклучително развиена на порсторот на националниот парк и можеме да се пофалиме дека има преку 48 видови на риби, од кои комерцијални видови претставуваат крапот и уклевот. Тука имаме и силно присуство на рибата јагула, како и некои морски риби, кои со реката Бојана доаѓаат во езерото, тука живеат, а еден број од нив се мрести, вели директорот на Националниот парк Сакдарско езеро, Горан Шкатариќ.
Тој е задоволен што успеале да ја сочуваат птицата пеликан, која претставува загрозен вид.
„Просторот на националниот парк, има преку 280 видови на птици, што сочинуваат една половина од европската популација на птици. Заштитен знак на нашиот национален парк е далматинскиот пеликан, птица која генерално е загрозена. Кај нас од 2001 година е забележано значајно зголемување на бројот на единки. Така од 2001 година имаме три пара, а денес можеме да се пофалиме дека во резерватот имаме 60 парови на вгнездување, а оваа година по прв пат достигнавме бројка од 170 единки. Тоа е птица која има крила со распон од 3,5 метри, тежина 12 килограми ” , вели Шкатариќ.
- Странците се најчести посетители на паркот
Посебна атркација за посетителите на овој национален парк претставува разгледувањето на островот на езерото, која со километри е оддалечено од копното. Островот Грможур, опкружен со високи ѕидови, е оддалечен со километри од копното, познат како црногорски Гол оток. Некогаш служел како затвор.
Националниот парк воглавно го посетуваат странски туристи. Минатата година, повеќе од 70 илјади туристи крстареа по езерото.
„ Можам да кажам дека 70 отсто од туристите доаѓаат надвор од границите на Црна Гора. Воглавно, тоа се туристи од Русија и Украина, а последните години има и туристи од Германија, Австрија, Италија, Франција, Белгија и други земји од Западна Европа. Минатата година имавме преку 72 илјади луѓе кои крстареа по Скадарското езеро. Ценовната политика на Скадарското езеро остана на ниво каква беше и пред години. Влезот во националниот парк се плаќа четири евра. Туристите за четири евра добиваат спектар на занимливост, имаат можност да ги посетат нашите пешачки патеки, едукативни патеки и велосипедски патеки. Имаат можност да ги посетат нашите центри и врвови, кога станува збор за сите природни убавини кои од Владата н Црна Гора се прогласени како заштитени подрачја, истакнува директорот на Националниот парк Скадарско езеро”, Горан Шкатариќ.
Со оглед на големата пространост на езерото, голем број на луѓе живеат во самиот простор на национален парк, чиј број изнесува околу 13 илјади луѓе. На тоа дека толку голем простор не е заштитен адекватно се согласува и Шкатариќ.
„Она што е специфично е тоа дека во просторот на националниот парк живеат околу 13 илјади граѓани. Нивото на водите кои зависат од притокот кои го сочинуваат Скадарското езеро, доаѓа до одредени населби и доаѓа до поплави. Со самото тоа, во тој временски период ни е отежната и заштитата и тука соработката со локалните заедници ни е многу добра. Просторот од 40 илјади метри, и секој должен метар претставува влез во националниот парк, и тоа на некој начин ни ја отежнува сто процентната заштита и тука имаме проблеми со нерегуларните активности. Но благодарејќи на локалното население и големиот број на иснтитуции кои сакаат да ни помогнат, донекаде успеваме да одговориме на предизвикот кога станува збор за примарната заштита, порачува на крајот од разговорот, директорот на Националниот парк Скадарско езеро” , Горан Шкатариќ.
news_share_descriptionsubscription_contact
contact_the_ombudsman
is_there_an_error_in_this_story
