Bekim Laci
26 Јули 2018•Ажурирај: 27 Јули 2018
СКОПЈЕ (АА) - Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, по повод одбележување на 55-годишнината од земјотресот во 1963 година во Скопје, истакна дека денешниот дел е тажен ден за Скопје, но сепак го одбележува духот на еден нов град, кој како резултат на земјотресот се претвори во центар на светската хуманост, јавува Anadolu Agency (AA).
Државни претставници, странски амбасадори акредитирани во Македонија и различни хуманитарни организации на церемонија положија цвеќиња на Градските гробишта „Бутел“ пред Споменикот на загинатите во земјотресот што се случи на 26 јули 1963 година.
Шилегов, во изјава за медиумите, нагласи дека катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ја откри хуманоста на нациите во светот, бидејќи 88 различни земји оставија хуманитарен белег во повторната изградба на главниот град.

„Ова го прави Скопје единствениот град во светот од таков карактер, но и сериозна оставина за нас, за сегашните генерации, прво да се грижиме за безбедноста на она што се гради во нашиот град, а второ, секогаш кога ќе се случуваат слични работи каде било во светот ние имаме обврска да пружиме рака, да помогнеме, на секој оној што се наоѓа во неволја“, рече Шилегов.
Шилегов посочи дека земјотресот во 1963 година е влезен во колективната меморија на луѓето, и зборува за грижата којашто треба да ја имаме за добро да се подготвиме за природните катастрофи што можат да нè погодат во секое време.
Потсетуваме, на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, Скопје беше погодено од силен земјотрес во кој животот го загубија над 1070 лица, додека над 3.000 беа повредени.
Земјотресот уништи 15.800 станови, при што над 200.000 лица останаа без покрив над глава.