Özcan Yıldırım
29 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
АНКАРА (АА) - Владиниот центар за координација информираше дека во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, силите на Слободната сириска армија (ССА) во подрачјето на Џарабулус ослободиле 10 села од терористите, додека во подрачјето на Раи три села, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од страна на владиниот Центар за координација, во рамките на меѓународното право за самоодбрана и отстранувањето на терористичките закани насочени кон Турција од страна на терористичките организации, првенствено од ДАЕШ, продолжува операцијата „Штитот на Еуфрат“ на турските вооружени сили. Операцијата е насочена кон расчистување на терористичките елементи на границата со Сирија, за овозможување дотур на хуманитарна помош за луѓето коишто живеат во подрачјата под контрола на терористичките организации и давање поддршка на Меѓународната коалиција во борбата против ДАЕШ.
Во образложението се вели дека во рамките на операциите, Слободната сириска армија (ССА), продолжува со своето напредување кон запад и југ:
„Во подрачјето на Џарабулус, селата Америна, Ајн Ел Бајдах, Дабис, Балабан, Сурајсат, Џебал Куса, Кирк Магхар, Кирата, Долна Америна и Ез Захирија се расчистени од терористичките елементи и се под контрола на ССА. Во подрачјето на Раи, пак, ослободени се селата Ајаше, Шејх Јакуп и Керсанли и се под контрола на ССА. Екипите на Црвената полумесечина започнаа со испорачување на хуманитарната помош до загрозените и да делат топол оброк. Вчера беше поделен топол оброк за 5.000 лица. Во текот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ започнаа обвинувања за наводни цивилни жртви или дека цивили биле земени како цел. Во рамките на извршувањето на операцијата, турските вооружени сили ги преземаа сите потребни мерки за да не им се наштети на цивилите кои живеат во подрачјето, и по ова прашање покажаа максимална прецизност“.