Ivana Ramadanova
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Заменик-министерката за надворешни работи на Република Македонија, Арта Точи, денеска оствари средба со Султан бин Саад Ал Мураики, Државен министер за надворешни работи на Државата Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата беа разгледани повеќе прашања од билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Соговорниците изразија особено задоволство од досегашните билатерални односи и истакнаа дека е неопходно двете држави да работат врз натамошното нивно зајакнување, особено кон развојот на економската соработка, за што постојат објективни можности.
Заменик-министерката Точи подвлече дека Република Македонија ги следи состојбите во регионот на Заливот и се надева дека преку конструктивен дијалог и на мирен начин Државата Катар и нејзините соседи ќе најдат излез од актуелната криза, со што ќе се намалат тензиите и ќе се обезбеди стабилност и безбедност во регионот.