Necip Fazil Celik,Göksel Yıldırım,Merve Özlem Çakır
15 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Стапката на невработеност во Турција во месец март, споредено со истиот период минатата година, е намален за 0,5 поени и сега изнесува 10,1 отсто. Во овој период бројот на невработени лица во Турција е намален за 46.000 лица и моментално изнесува 3.023.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Заводот за статистика на Турција ја претстави статистиката за вработеноста за месец март.
Според Заводот, бројот на невработени на возраст над 15 години за месец март, споредено со истиот период минатата година, е намален за 46.000 лица и таа моментално изнесува 3.023.000 невработени. Стапката на невработеност е намалена за 0,5 поени и изнесува 10,1 отсто.
Стапката на невработеност, во споредена со претхониот месец е намалена за 0,8 поени. Тогаш стапката на невработеност изнесуваше 10,9 отсто.
За истиот период, невработеноста во неземјоделските дејности е намалена за 0,7 поени т.е 11,9 отсто.
Стапката на невработеност на младите на возраст од 15 - 24 години е намалена за 1,6 поени и изнесува 17 отсто, додека стапката на невработеност за групата од 15 - 64 години е намалена за 0,5 поени и изнесува 10,3 отсто.
Бројот на вработени во однос на март минатата година е зголемен за 1.040.000 и изнесува 26.993.000 вработени. Стапката на вработеност е зголемена за 1,1 поен и изнесува 46,1 отсто.
- Зголемена е стапката на учество на работната сила -
Работната сила во месец март споредена со истиот период во 2015 година е зголемена за 994.000 и изнесува 30.016.000 лица, додека стапката на учество на работната сила е зголемена за 0,9 поени и изнесува 51,3 отсто. Во истиот период, стапката на машката работна сила е зголемена за 0,9 поени и изнесува 71,5, додека кај жените стапката на учество во работната сила е зголемена за 0,9 поени и изнесува 31,6 отсто.
- Зголемена сезонската вработеност -
Сезонската вработеност, споредено со претходниот период, е зголемена за 180.000 и изнесува 27.358.000 лица. Стапката на вработеност е зголемена за 0,3 поени и изнесува 46,8 отсто. Сезонската невработеност во однос на претходниот период е намалена за 60.000 и изнесува 2.000.923 лица, при што стапката на невработени е намалена за 0,2 поени и изнесува 9,7 отсто.