Ekipa
04 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
ВАШИНГТОН (AA) – Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави (САД) наведе дека денеска е покренат процес на поништување на откажувањето на визите за странците, откако федералниот судија во петок ја суспендираше извршната одлука на Доналд Трамп за имиграција, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за надворешни работи на САД наведуваат дека од преку 60.000 странци од седум земји со муслиманско мнозинство кои имаа визи, тие им беа „привремено одземени" во склад со одлуката на Трамп да им се забрани патувањето во САД.
Стејт Департментот наведува дека започна да работи на тоа да им се вратат визите, откако од Министерството за правда се известени за одлуката на федералниот судија. Се додава дека досега лицата кои беа опфатени со одлуката на Трамп, а имаат виза можат да патуваат во САД.