Ekipa
01 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по завршениот референдум во Република Македонија истакна дека вратата на Алијансата останува отворена, но дека мора да бидат завршени сите национални процедури, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Го поздравувам гласот „за“ на референдумот во Македонија. Ги повикувам сите политички лидери и партии да се ангажираат конструктивно и одговорно за да ја искористат оваа историска можност. Вратата на НАТО е отворена, но мора да бидат завршени сите национални процедури“, напиша Столтенберг на социјалната мрежа Твитер.
Референдумот се одржа по Договорот од јуни меѓу Македонија и Грција, кој предвидува промена на името на државата во Република Северна Македонија, и претставува главен услов за членство на земјата во НАТО и отворање на преговорите со ЕУ.
Прашањето на референдумот, кој е трет по ред на државно ниво во текот на 27 години независност на Македонија, гласеше: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Грција?“