Hasan Esen
19 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, остро го осуди терористичкиот напад во улицата Истиклал во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишана изјава на Столтенберг се наведува дека дојде до уште еден терористички напад чија сел беа невини цивили, како и Турција, која е сојузник на НАТО.
Столтенберг упати порака на сочуство на семејствата на загинатите во самоубиствениот напад, порачувајќи дека на дели нивната болка.
"Тероризмот никако не може да се смета за легитимен. Сите сојузници на НАТО се со Турција во борбата против секој вид на тероризам", порача Столтенберг.
Во терористичкиот напад кој се случи во 11 часот по локално време во улицата Истикал во Истанбул, пред кабинетот на градоначалникот, загинаа пет лица, меѓу кои се наоѓа и бомбашот самоубиец.