Ivana Ramadanova
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Специјалното јавно обвинителство на денешната прес конференција најави дека отвора нов предмет за уривањето на „Космос“ на бизнисменот и претседател на партијата ПЕИ, Фиат Цановски во кој се осомничени поранешен премиер и поранешен министер за транспорт и врски, јавува Anadolu Agency (AA).
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева посочи дека во овој случај има повреда на слободите и правата, како и предизвикување на имотна штета. Според Јанева, не се почитувал ни основниот принцип на извршното право, со што сериозно се нарушува Уставот.
Според обвинителката Фатиме Фетаи, ова е класичен пример на постоењето на криминална спрега помеѓу централната и локалната власт, во кој учествувале поранешен премиер, поранешен министер за транспорт и врски, градночалник на општината Гази Баба, кои се аболицирани со одлуката на претседателот Иванов.
На самиот почеток од своето излагање Фетаи испрати порака до јавноста во која порачаа дека не ги плашат заканите.
„До сите оние кои нечесно ја подриваат работата на СЈО, се закануваат кон припадниците на СЈО, кон нивните семејства и пријатели. Тоа се лица на кои правдата не им е во интерес и на кукавички начин сакаат да се спасат од неа. Правдата ќе го стигне секој кој се огрешил пред законот. Сите граѓани се еднакви. Ви ветуваме дека несебично ќе се бориме за правда. Правдата е врвен интерес на РМ, а не неказнивноста“, порачува Фетаи.
Според неа во новиот случај "ТНТ" има повреда на слободите и правата и предизвикување на имотна штета и според СЈО е јасна порака за третирање на различноста на поединците.
„Аболицирани политичари најгрубо и со умисла, зпоупотребувајќи ја службената положба, од одмазднички причини нанеле огромна штета со уривање станбено деловен комплекс. Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот министер за транспорт и врски и други лица, заеднички со цел да му се одмаздат на Цаноски, искористувајќи ја нивната политичка моќ го принудиле градоначалникот на општина Гази Баба да најде начин незаконски да го сруши објектот на Цаноски“, изјави Фетаи.
Обвинителката Ленче Ристоска најави дека за уривањето на објектот „Космос“ ќе се надоместува направената штета.
Сите лица кои се опфатени со аболиција опфатени се и за предметот „ТНТ“ , за нив не е донесена наредба за спроведување на истрага, за другите мерки во текот на постапката ќе одлучиме дополнително, рече Ристовска, додавајќи дека за блокирање сметки СЈО ќе одлучи во следните денови, ќе се лоцира каде е штетата и ќе се пристапи кон преземање мерки, рече обвинителката.
Штетата што со уривањето на објектот му е нанесена на Цаноски изнесува околу 15 милиони евра, кој, од државата, по разни основи, сега побарува обештетување од околу 58 милиони евра.
Од СЈО велат дека нема одговор од претседателот со прашањата кои му ги упатија во врска со аболицијата, најавувајќи и жалби на решенијата во однос на “Траспортер“. Во изминатиот период СЈО ги отвори случаите Титаник, Тортура, Тврдина и Транспортер.