Tayfun Salcı
16 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Британскaта премиерка Тереза Meј остро го критикуваше поранешниот британски премиер Тони Блер поради кампањата што ја води за одржување на нов референдум за останување на Велика Британија во Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј тврди дека во интерес на Велика Британија и Европската Унија (ЕУ) силно се бори за постигнување договор за излез на земјата од Европската Унија.
„Меѓутоа, многумина поради сопствени политички интереси сакаат да го саботираат овој процес. Заминувањето на Тони Блер во Брисел и застапувањето на ставот за втор референдум е саботажа на нашите преговори и навреда за британскиот народ и за функцијата која Блер своевремено ја извршуваше“, порача денес Меј.
Иако премиерката Меј категорично ја отфрла идејата за одржување нов референдум во Велика Британија, британските медиуми денес јавуваат дека нејзиниот помошник Дејвид Лидингтон одржал низа состаноци со групи кои се залагаат за обновување на референдумот за Брегзит.
Поранешниот британски премиер Тони Блер во петокот изјави дека никој не е задоволен со договорот којшто го постигна Меј со лидерите на ЕУ.
„Сметам дека е логично народот повторно да се праша и да го одреди правецот на движењето кон иднината“, рече Блер.