Selen Temizer
14 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
АФРИН/АНКАРА (АА) - Припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК во централниот дел на Африн, со копање на канали на патиштата, се обидуваат да ги спречат цивилите да го напуштат овој сириски град, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, Вооружените сили на Турција со беспилотни летала забележале снимки, на кои се гледа како терористите копаат канали за да им оневозможат на цивилите да го напуштат центарот на градот.
На снимката јасно се гледа како булдожер се движи во правец на местото преку кое цивилите се обидуваат да го напуштат централниот дел на Африн.
Исто така е забележано како булдожерот копа канали во еден дел на патот на кој се движат возилата со цивилите, во обид да го напуштат тоа подрачје.
На снимката може да се види како цивилите излегуваат од возилата и се движат кон булдожерот за да го спречат да продлжи со копањето канали.
Исто така јасно се гледа и дека цивилите се расправаат со терористите кои се наоѓаат во близина на булдожерот.
Видео снимката забележа и дека постаро женско лице прво се расправа со терористите, а потоа остранува камења од патот за да им овозможи на цивилните возила да продолжат да се движат.
Неколку цивили дури се качија на булдожерот за да го спречат да продолжи да копа канали на споменатиот пат.
На видео снимката од беспилотните летала, пред неколку дена исто така е забележано дека терористите на ЈПГ/ПКК со блокада на патиштата и отворање на оган врз цивилите го спречуваат нивниот излез од Африн, на северозападниот дел на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.