Cansu Dikme
20 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Напуштени позиции на терористичка организација ЈПГ се забележани долж маршрутата на патролирање на Турската војска во Мунбич, град во северна Сирија, истакнаа турски безбедносни извори за Anadolu Agency (AA).
Изворите наведуваат дека турските и американските патроли се спроведуваат во согласност со договореното на средбите помеѓу воените претставници на двете земји.
Додека патролирањето во Mунбич продолжува, во градот можат да се забележат напуштени позиции на терористичката организација ЈПГ, кои се на маршрутата на патролирање на Турската војска.
Претходно во текот на денешниот ден, Турските вооружени сили започнаа втора рунда на патролирање во Мунбич, како дел од целта за ослободување на подрачјето од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Првите патроли од страна на турските и американските војници во подрачјето започнаа на 18 јуни.
Договорот за Мунбич, постигнат меѓу Турција и САД, се фокусира на повлекувањето на ЈПГ, огранокот на терористичката организација ПКК во северниот сириски град, со цел стабилизирање на регионот.
Договорот прво беше објавен по состанокот во Вашингтон, во почетокот на јуни, меѓу турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушолгу и американскиот државен секретар, Мајк Помпео.
Доколку моделот биде успешен, Турција ќе спроведе сличен аранжман и во источна Сирија.
Терористичката организација ПКК, која против Турција спроведува терористичка кампања повеќе од 30 години, одзеде над 40.000 животи. ЈПГ е нејзиниот сириски огранок.