Michael Hernandez
18 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) од Турција побарале аудио и видеоснимка во врска со исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
„Побаравме снимки. Доколку постојат, ги побаравме", рече Трамп пред новинарите во Овалниот кабинет.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост" (The Washington Post) Џамал Кашоги исчезна на 2 октомври откако влезе во комплексот на Конзулатот во Истанбул. Познат е како критичар на политиката што ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржуваше и весникот „Ал Ватан“, кој претставува главна патформа на саудиските реформисти.
Во Турција е покрената истрага за неговото исчезнување, а репортерот на агенцијата „Ројтерс" претходно јави дека Кашоги е убиен во конзулатот, откако неколку дена бил заложник. Истото тврдење го објави и Асоцијацијата на турските и арапските медиуми, од каде тврдат дека имаат и докази.