Emrah Oktay
09 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Фудбалската репрезентација на лица со ампутирани екстремитети на Турција стана шампион на Европа, во финалето на Европското фудбалско првенство за лица со ампутирани екстремитети во Истанбул ја совлада Англија со 2:1, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција во финалниот меч, кој се одигра на „Водафон парк“, поведе во 25. минута со голот на Омер Гулерјуз, што беше и резултат на крајот од првото полувреме.
Репрезентацијата на Велика Британија во 50. минута успеа да изедначи со голот на Вестбрук.
Селекцијата на Турција сепак во судското надополнување успеа повторно да поведе со голот на Осман Чакмак, што беше конечен резултат на мечот.
Домаќинот на Европското фудбалско првенство за лица со ампутираниекстремитети беше Турција.