?yşenur Sağlam
11 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турската економија забележа раст за 11,1 отсто во третиот квартал од 2017 година, што е најголем процентуален раст меѓу 20-те најголеми светски економии, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заводот за статистика на Република Турција објави извештај за економските движења и бруто националниот доход на Турција за третиот квартал, односно за периодот јули-септември. Во извештајот се наведува дека турската економија остварила раст од 11,1 отсто во однос на истиот период минатата година.
За истиот период, остварен е и раст на бруто националниот производ по тековните цени од 24,2 отсто, и во моментов изнесува 827,23 милијарди лири (215,06 милијарди долари).
Најголемиот удел во реализираниот економски раст има секторот за услужни дејности кој бележи раст за 20,7 отсто. Градежниот сектор порасна за 18,7, индустријата за 14,8, додека земјоделството за 2,8 отсто.
Според анкетата за економски раст која ја приреди Одделот за финансии на АА, очекуваниот економски раст на Турција во третиот квартал бил 9,2 отсто.
Гледано среднорочно, турската економија во 2017 година би требало да ја заврши со раст од 5,5 отсто.
Земји | раст во трет квартал 2017 (процент) |
Турција | 11,1 |
Романија | 8,8* |
Малта | 7,2 |
Летонија | 5,8 |
Полска | 5,1 |
Чешка | 4,7 |
Словенија | 4,5 |
Есонија | 4,2 |
Унгарија | 3,9 |
Бугарија | 3,8* |
Грчка админ. Јужен Кипар | 3,8 |
Словачка | 3,4 |
Хрватска | 3,3 |
Австрија | 3,2 |
Литванија | 3,1 |
Холандија | 3* |
Шпанија | 2,9* |
Финска | 2,8 |
Португалија | 2,5 |
Шведска | 2,5 |
Германија | 2,3 |
Англија | 2,1 |
Франција | 2,0 |
Белгија | 1,6 |
Италија | 1,4 |
Грција | 1,3* |
Данска | 1,2 |
ЕУ 19 | 2,3 |
ЕУ 28 | 2,5 |
Ирска | - |
Луксембург | - |
* привремени податоци |