Hasan Esen
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
РОТЕРДАМ (АА) - Главниот конзул на Турција во Ротердам, Садин Ајјилдиз, соопшти дека полицијата ја запрела министерката за семејство и социјална политика на Турција, Фатма Бетул Сајан Каја, која сакала од Германија да влезе на територија на Холандија, јавува Anadolu Agency (АА).
Ајјилдиз истакна дека полицијата не му дозволува да се види со министерката Бетул.
Турската министерка за семејство и социјална политика најави доаѓање од Германија во Холандија по копнен пат, откако холандската власт му забрани на турскиот авион, во којшто се наоѓаше турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, да слета на аеродромот во Ротердам.
Чавушоглу требаше да присуствува на собир во главниот конзулат во Ротердам.