Hüseyin Bağış,Halil Demir
12 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција приведе осум лица осомничени дека споделувале статуси на социјалните мрежи во корист на терористичка организација по последниот терористички напад во Истанбул, јавува Anadolu Agency (АА).
Припадниците на Одделот за борба против тероризам на истанбулската полиција започнаа истрага против лица кои се товарат дека пропагирале во корист на терористичка организација по терористичкиот напад во Истанбул.
Земајќи ги предвид пријавите, полицијата привела 8 лица кои се сомничат дека споделувале статуси на социјалните мрежи во корист на терористичката организација.
Инаку, во рамките на истрагата за терористичкиот напад што се случи во саботата во Истанбул, во близина на стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ, вчера беа приведени 13 лица, додека 21 лице се приведени претходно и се задржани во полиција.