Duygu Yener
29 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ во сирискиот Африн турските сили досега неутралзирале 616 терористи на ЈПГ-ПЈД/ПКК/КЏК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Турција се вели дека операцијата во Африн тече во согласност со предвидениот план.
„Во воздушен напад на нашите сили уништени се девет терористички мети, вклучувајќи и упоришта и складишта за оружје и муниција кои припаѓаа на терористичката ЈПГ-ПЈД/ПКК/КЏК и ДЕАШ“, се наведува во соопштението.
Турските вооружени сили (ТСК) денес ја продолжија воената операција „Маслинова гранка“ во Африн, северозападна Сирија, во чии рамки е остварен напредок кон центарот на градот и воспоставена е контрола над 19 точки.
Досега турските сили, со поддршка на Слободната сириска војска, ослободија 14 села и четири стратешки брда.
Заменик-премиерот на Турција, Бекир Боздаг, изјави дека турските сили ќе се повлечат од подрачјето на сирискиот Африн по успешно завршување на операцијата „Маслинова гранка“, започната против терористичката организација ПЈД/ПКК и ДЕАШ.
Тој уште еднаш повтори дека цел на операцијата „Маслинова гранка“ не се локалните Курди, туку исклучиво терористите на ПКК и другите терористички групи и странски мрачни кругови кои работат против Турција.