Ekip
24 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
АНКАРА (АА) – Специјалните единици на турските вооружени сили (ТСК) и коалициските воздушни сили започнаа операција со цел неутрализација на терористичките елементи на ДАЕШ на подрачјето на регионот Јерабулус во северната сириска провинција Халеп, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили акциите ги започнаа околу 4 часот по локално време, а цел е да се исчисти границата од терористички елементи и да се зголеми безбедноста во пограничниот појас. Планот на операцијата е истовремено да се поддржи одбраната на територијалната целовитост и суверенитетот на соседна Сирија во која се повеќе од теритотијата ќа контролираат терористите на ДАЕШ.
Активната борба на Турските вооружени сили против ДАЕШ е важен придонес во борбата која против истиот, глобален непријател ја води и меѓународната коалиција. Покрај чистењето на терористичките елементи во тој дел на северниот сириски пограничен појас, целта на интервенцијата е спречување на нов замав на терористичките сили, како и отворање на коридорот за доставување на хуманитарна помош на цивилите во Сирија.
Турските сили најавуваат продолжување на активната борба против тероризмот кој за мета ја имаше турската држава и народот и однесе животи на невини цивили, а во тој контекст Турција најави и продолжување на активно учество во акциите на меѓународната коалиција.