Ahmet Furkan Mercan
21 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
АНКАРА (АА) - Вработениот во Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) уапсен од страна на Израел минатиот месец и обвинет за помагање на Хамас е невин додека не се докаже спротивното, изјави денес портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Според основните правни принципи, се додека се води судскиот процес за него (обвинетиот), се претпоставува дека е невин“, изјави портпаролот на министерството, Хусеин Муфтуоглу.
На 12. февруари Мухамед Муртаџа беше уапсен на контролниот пункт Ерез, меѓу Газа и Израел, кој тргнал на семинар во Турција организиран од страна на ТИКА.
Муртаџа се товари од страна на израелските власти за соработка со Хамас, за членство во непријателска организација, за контакт со непријателски шпиони и завера против државната безбедност.
„Ситуацијата на Муртаџа и судскиот процес во Израел внимателно се следи“, рече денес Муфтуоглу.
„Добро е познато во јавноста дека ТИКА се придржува кон кооперативните и транспарентните принципи во согласност со меѓународните стандарди", додаде тој.
„Не би се толерирал никаков обид за загрозување на безбедноста на засегнатите страни“, додаде портпаролот.
„Ова прашање мора да се испита, без разлика дали елементите имаат основа или не во кривичното обвинение“, рече Муфтуоглу.
„За да се обезбедат соодветните права на лицето, ќе биде пружена секаков вид правна помош", истакна тој.
Портпаролот додаде: „Во име на турскиот народ, ТИКА ќе продолжи со спроведување да своите проекти (во Палестина) со грижа и посветеност во насока на елиминирање на тешкотиите што палестинскиот народ, особено жителите на Газа, ги искусуваа повеќе од 50 години окупација“.
Од приведувањето на Муртаџа минатиот месец, турското Министерство за надворешни работи и турската амбасада во Тел Авив преку дипломатски напори се обидуваа да издејствуваат негово ослободување.
Мухамед Муртаџа, татко на четитри деца е вработен во Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) во Газа од 2012 година.