İlhan Toprak,Mümin Altaş
19 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Името на кандидатот кој ќе побара поддршка од партиските колеги за нов претседател на АК Партијата ќе го соопшти денеска во 13 часот по локално време, портпаролот на партијата, Омер Челик, пренесува Anadolu Agency (AA).
Конгресот на АК Партијата ќе се одржи в недела во Анкара, а на состанкот што ќе се одржи во Анкара, раководството на партијата ќе одлучува за кандидатите за нов претседател.
Состанокот на партијата е затворен за медиумите, а по неговото завршување, ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обрати заменик-претседателот и портпарол на АК Партијата, Омер Челик.